Демонстрантите во Балтимор ја соборија статуата на Кристофер Колумбос во текот на ноќта и ја фрлија во Атлантскиот океан. Снимките објавени на социјалните медиуми покажуваат дека демонстрантите со јаже ја рушат статуата во близина на населбата Мала Италија, а потоа деловите ги фрлаат во вода.
Според АП, статуата била подигната во 1984 година и е во сопственост на градот.
За време на протестот по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, за време на полициското спроведување, статуата на Колумбо и други личности од колонијалната ера, беа цел на демонстрантите. Тие изјавуваат дека славниот истражувач е одговорен за геноцидот и експлоатацијата на домородците во Северна и Јужна Америка.
Статуите на Колумбо досега се срушени или вандализирани во неколку американски градови, вклучувајќи ги Мајами, Бостон, Ричмонд, Вирџинија и Сент Пол во Минесота.
https://twitter.com/CatholicFren/status/1279599801810575361
Извор: kurir.rs