Кање Вест сака да биде претседател на САД, Ким Кардашијан прва дама – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/20 9:14 AM

Кање Вест сака да биде претседател на САД, Ким Кардашијан прва дама

Американскиот рапер Кање Вест сака да стане идниот претседател на  САД. Тој го одбра Денот на независноста на САД за да ненадејно а Твитер го објави соопштението, и предизвика биура на социјалните мрежи.

„Сега мора да го реализираме ветувањето на Америка со тоа што ќе веруваме во Бога, обединувајќи ја нашата визија и градејќи ја нашата иднина“, напиша Вест. „Јас се кандидирам за претседател на САД“, напиша тој.

Се уште не е јасно дали 43-годишник поднел официјална документација да се појави на гласачките ливчиња за државни избори. Крајниот рок за додавање на независни кандидати на гласачкото ливче сè уште не поминал во многу држави.

Вест, многукратниот добитник на Греми, веднаш доби поддршка од Илон Маск, главниот извршен директор на производителот на електрични автомобили „Тесла“ коментирајќи: „Ја имате мојата целосна поддршка!“

Гласањето за нов претседател е закажано за 3 ноември.

https://twitter.com/kanyewest/status/1279575273365594112

Фото: justjared.com/insider.com