Момче влезе во езеро да го спаси другарот и успеа, но тој се удави – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/20 10:00 AM

Момче влезе во езеро да го спаси другарот и успеа, но тој се удави

Тинејџер од Северна Калифорнија се удавил во езерото во текот на викендот, откако се обидел да го спаси својот помлад пријател кој влегол во вода, но не знаел да плива. Тимови за спасување и нуркање стигнаа до езерото Каманче во близина на градот Бурсон во неделата попладне, се вели во соопштението на Кабинетот на островот Каливерас.

Сведоците им рекоа на спасувачите дека едно 12-годишно момче, кое не плива, влегло во вода и почнало да се бори да остане со главата над површината заради нерамномерното дно на езерото. Неговиот 17-годишен пријател влегол во водата за да го извлече и успеал да го предаде момчето на друг пливач. Но, тој самиот не успеа да излезе на безбедно, се вели во соопштението.

Тој беше исцрпен поради напорот и доби  грчеви во ногата, па не успеа сам да се фати за брегот и потона. Неговите пријатели ја повикале полицијата и потрагата побргу била започната.

Сепак, спасувачите не можеле да го најдат тинејџерот веднаш, па затоа повикале нуркачи за помош. Тие го пронашле телото на тинејџер на околу девет метри од брегот, на длабочина од околу четири метри.

– Ова е очигледно трагедија. 17-годишникот го дал својот живот за да го спаси 12-годишникот, што е херојско дело. Сцената беше многу емотивна, со семејство и пријатели кои дојдоа на местото на настанот – изјави официјалниот претставник на канцеларијата на шерифот, Грег Штарк.

Штарк рече дека има околу шест до осум давења годишно во неговата област, обично во овој период од годината кога топлото време ги мами луѓето во езерото.

Извор: srbijadanas.com