Тетовската библиотека „Кочо Рацин” од понеделник (6 јули) ќе продолжи со работа со корисници-читатели и изнајмување на книгите, што беше во прекин од 13 март. Оттаму потенцираат дека функционирањето ќе биде според определени протоколи.
-Потребно е задолжително носење маска, шал или марама кои го прекриваат пределот на носот и устата, одржување задолжително растојание од два метри помеѓу корисниците, вработените, како и помеѓу библиотекарите и корисници, дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека,ограничување на бројот на корисници во библиотеката – информираат од установата на нивниот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
Воедно, потенцираат дека протокол има и за книгите.
-Книгите кои ќе се вратат не можат веднаш да се изнајмат и ќе бидат ставени три дена (72 часа) во карантин во библиотеката и ќе биде евидентирана кај читателот кој ја оставил. Поради карантинот, во случај на резервација ќе се продолжи периодот кога членот кој ја резервирал граѓата и таа е вратена навистина ќе може да ја зајми – објаснуваат од националната установа библиотека „Кочо Рацин”- Тетово.