Кандидатот за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, Сафет Бишевац денеска на својот фејсбук профил соопшти дека е позитивен на КОВИД-19.
-Почитувани пријатели, тестирањето покажа дека сум позитивен на КОВИД-19. За жал, нештат понекогаш се случуваат и покрај макесималното можно почитување на препораките за заштита, наведува Бишевац.
Тој додава и дека засега се чувствува одлично, како и дека нема никаков проблем, но заедно со семејството во наредниот период ќе остане во изолација и ќе биде под надзор на матичниот лекар.
МИА