Властите во австралискиот град Мелбурн ги ставија во карантин станарите на девет станбени блока во населбите Флемингтон и Северен Мелбурн, кои станаа жариште на вирусот корона.
Според Би-Би-Си, околу 3.000 станари не смеат да ги напуштат своите домови од која било причина најмалку пет дена. Најмалку 23 случаи на коронавирус се откриени во овие населени места во последните денови.
Во Мелбурн постои „трета фаза“ на ограничувања во 12 населени места, чии жители можат да ја напуштат куќата само за три причини: да одат на работа или во образовни институции, за вежбање, медицинска нега или помош, како и за намирници.
За Флемингтон и Северен Мелбурн, сепак, важи „цврст карантин“.
Во државата Викторија, чиј главен град е Мелбурн, денес се пријавени 108 нови инфекции, што е втор нај голем дневен пораст на зараза од втората половина на март.
Фото: 7news.com.au
Текст: blic.rs