Љубов, страст, желба -преточени во слатки задоволства за разгалување на сетилата доаѓаат од Свети Николе. Компанијата „Лион“ ја започнува приказната пред повеќе од 20 години за почеток на производство на производи кои ќе бидат квалитетни, вкусни, добро запакувани и достапни на секој човек.Идејата да се обединат најдобрите производи во единствен бренд кој ќе биде препознатлив помеѓу потрошувачите, поттикнати од ваквата мисла настанува брендот ЛЕОНА, кој има повеќе групи производи како подбрендови.
Неколку факти за „Лион“
Производството го започнуваат во 100 м2, за веќе во наредните 2-3 години да се прошрат на 300 м2.
Во 2004 година, производството се сели на денешната локација во објект со површина над 1000 м2.
Приказната на „Лион“ расте и се развива интензивно со изградба на нови објекти, инсталирање на нови производни линии, создавање и развивање на нови производи и освојување на нови пазари.
Уште неколку факти за „Лион“
Подбрендови препознатливи за нив премиум какао кремот Leona Cream, какао кремот Sport Cream, Какао таблата Леона за готвење, Сирма десерти како и колачи, бисквити, штрудли и бонбониери.
При создавањето на производите од асортиманот на „Леона“ се вложува многу љубов и внимание, производите од Леона брендот се посебни и уникатни , се карактеризираат со прекрасен вкус и арома, визуелно со добар дизајн и амбалажа, со висок квалитет , произведени под висока контрола за безбедност на храна.
Денес „Лион“ има 180 вработени во 10 000 м2 производствен и магацински простор, произведува околу 3500 тони кондиторски производи годишно во вредност од околу 5 000 000 евра, и извезува во повеке од 25 земји во светот.
Економскиот сектор во глобала се соочува со досега една непозната ситуација која го измена начинот на работење, а ги компаниите беа доведени во загрозувачка, непозната ситуација.
-Уште на почетокот на пандемијата приоритет ни беше здравјето и безбедноста на нашите вработени и нивните семејства.
Презедовме засилени мерки за безбедност на вработените и процесот на производство и продолживме со работа.
Досега, иако со многу дополнителни напори, работевме според планот и успеавме да ја задоволиме побарувачката на пазарот без поголеми проблеми. Ја потврдивме есенцијалната улога која ја имаме во маркетите со кои соработуваме. Го направивме нашето портфолио достапно за сите сегменти во продажбата , отстранувајќи ги грижите на јавноста. Ова е нешто на што сме навистина горди. Исто така благодарност и на тоа што нашите луѓе докажаа дека можеме да се потпреме еден на друг во овие тешки времиња, што претставува исклучително силна страна на нашата организација. Навистина сум горд што водам еден ваков тим, вели cопственикот и извршен директор на ЛИОН, Ристе Ристевски.
Тој неизмерно ја изразува благодарноста кон сите вработени за трудот што го вложија во изминатиот период, како и за постојаната поддршка што си ја давале меѓусебно.
-Исто така би сакал да им се заблагодарам и на нивните семејства за неизмерното разбирање, кое го покажаа во оваа ситуација. Се разбира нашата цел е долготрајна одржливост. Понекогаш сме принудени да донесуваме и тешки одлуки. Токму од таа причина сакаме да искажеме уште поголема благодарност за разбирањето кое што го покажаа до сега. И покрај сите пречки и предизвици, тие покажаа огромна решителност и посветеност, додава Ристевски.
Мисијата на ЛИОН продолжува во насоката да работат како едно сложно семејство од 180 членови,сите заедно во ова време, невреме ќе продолжат да произведуваат и да создаваат нови квалитетни производи.
Македонско, наше е – проект на Канал 77, како општествено одговорен медиум, во придонес на македонските компании во здравствено – економската криза со ковид 19. Ви ги претставуваме македонските компании и нивните бреднови.