Директорот на Тутунски комбинат не земал 210.000 денари плата туку 85.000 – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/20 12:35 PM

Директорот на Тутунски комбинат не земал 210.000 денари плата туку 85.000

Од Тутунскиот комбинат од Прилеп се обратија до јавноста со информација за висината на платата на директорот Кире Станкоски, за кого Александар Николоски, носител на листата на колацијата „За обнова на Македонија“ во ИЕ 4, кажа дека изнесува 210.000 денари.

-Кире Станкоски како генерален извршен директор нема земенo плата од 210.000 денари ниту пак некогаш земал плата во тој износ, соопштија од ТК Прилеп.

Понатаму во соопштението објаснуваат:

-Станува збор за доплата на плата во месец јануари 2020 година, која е исплатена во месец февруари 2020 година а станува збор за доплата од 2019 година, која доплата не можеше да се исплати во декември 2019 година, од причини што се уште важеше на сила Законот за прогресивен данок, кој што беше укинат во тој момент, но почнуваше со важност во јануари 2020 година. Поради тоа во јануари 2020 година исплатена е доплатата од 2019 година внесени се и сите надоместоци утврдени согласно закон, како и денови од неискористен годишен одмор и затоа таа пресметка за плата за месец јануари е повисока во однос на останатите пресметки, од причина што реалната плата на Генералниот извршен директор изнесуваше нето 85.000,00 денари одредена со одлука од Одбор на директори на ТК АД Прилеп, а во декември 2019 година кога беше зголемена платата и на другите вработени во комбинатот, паричниот надоместок беше утврден од страна на Одборот на директори на износ од 102.000,00 денари плус надоместоци утврдени согласно закон. Што значи дека реалната плата е далеку од бројката која ја истакнува Николовски.Исто така, сакаме да потенцираме дека со одлука на Одбор на директори во април месец 2020 година платата на Генералниот извршен директор заедно со останатите членови на одбор на директори како и на раководните лица со кои се има склучено менаџерски договори, им беше одредена плата во износ од 14.500,00 денари а разликата до полниот износ на плата односно паричен надоместок се пренасочија за уплата во солидарниот фонд Ковид 19, објаснуваат од Тутунскиот комбинат, од каде побараа Николоски да се извини.

Николовски во телевизиско гостување изминатата недела рече дека директорот Станкоски, „кој е на некој начин владин функционер, зема месечна плата околу 3.000 евра додека тутунарите мака мачат да заработат финансиски средства за да можат да преживеат“.