Пукнаа нови „бомби“ со Јанушев и Вице Заев – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/20 12:16 PM

Пукнаа нови „бомби“ со Јанушев и Вице Заев

Два нови раговори се објавени на каналот „Обнова на режимот“. Разговорите се именувани како „Јанушев ќе ги убијам“ и „Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком“.
Во првиот разговор се слуша како генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата кандидати за пратеници во Третата изборна единица Игор Јанушев се заканува дека, како што вели, ќе убие две лица, Даниела и Ратко.
Во вториот разговор „Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком“ се дискутира за партиски списоци во кои се впишани вработени од Телеком. Според разговорот, тие се селектирани според склучените договори и треба да му се пратат на Жарко Луковски, поранешен извршен директор на компанијата.
На каналот „Обнова на режимот“ вчера првпат беа објавени снимки со разговори меѓу генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата кандидати за пратеници во Третата изборна единица Игор Јанушев и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Јанушев од 2015 до 2017 година беше директор на ЈСП „Скопје“, а пред тоа работеше во Министерството за транспорт и врски.
Каналот „Вице Мафиозо“ објавува аудио снимка, во која разговараат два гласа, за кои се тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик на СВ Инвест, една од компаниите добитниците на тендерите во Рек Битола и извесен Горан Димовски од Битола викан Тушникот.
Од аудио бомбата, според пишувањето на Курир, Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа воедно се фали и дека Трајче Заев, братучед на Вице Заев дава црвени картони кој да се занимава со бизнис, а кој не.