АМСМ: Сообраќајот главно по влажни коловози – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/20 8:04 AM

АМСМ: Сообраќајот главно по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сите гранични премини се отворени за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.