Загреб: Полицијата во стан откри домашно милениче – питон долг 5,5 метри и тежок 50 килограми – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/20 7:37 AM

Загреб: Полицијата во стан откри домашно милениче – питон долг 5,5 метри и тежок 50 килограми

Вработените во Зоолошката градина во Загреб биле вчудовидени кога на привремено чување добија бурмански питон долг 5,5 метри и тежок 50 килограми, пишува „Вечерњи лист“.

Неофицијално, полицајците уапсиле маж во градот поради сомнеж за некое кривично дело. Кога влегле во неговиот стан, имале што да видат – питон подолг од пет метри. Полицајците веднаш се јавиле во Зоолошката градина и информирале за необичното домашно милениче.

„Питонот беше нежно внесен во возилото и донесен во Зоолошката. И во неа питонот предизвикува респект зашто е подолг за два метра од најдолгата змија што ја имаме. Во добра здравствена состојба е. Сместен е во карантин и во него ќе остане следните денови се’ додека не добиеме нови упатства за неговото идно сместување – пишува на Фејсбук-страницата на Зоолошката градина во Загреб.