Многу супермаркети ги отсранија од рафтовите кокосовата вода и кокосовото масло откако е откриено дека тие артикли се направени од овошје што го береле мајмуни.
Мајмуните се најдени во дивина обучени да собираат по 1.000 кокоси дневно, а се смета дека луѓето за еен ден можат да наберат само по 80, велат активисти од „Луѓе за етичко постапување со животните“ (Пета). Тие истакнуваат дека макаки-мајмуните во Тајланд се третираат како „машини за берење кокоси“. По ова, многу супермакреки ја повлекоа спорната стока од рафтовите.
Пета наведува дека во Тајланд пронашла осум фарми во кои мајмуните се користат за берење кокоси, кои потоа се извезуваат низ светот. Биле откриени и „училишта за мајмуни“ во кои тие животни биле обучувани за берење овошје, како и да возат велосипеди и да играат кошарка, со цел за забава на туристи. Од Пета тврдат дека условите во кои се чуваат мајмуните се многу лоши и биле под константен стрес.