Време: Денес и до вторник нестабилно и врнежливо, од утре освежување за три-четири степени – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/20 5:49 AM

Време: Денес и до вторник нестабилно и врнежливо, од утре освежување за три-четири степени

Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Максималната температура до 36 степени. УВ=8. Таква е прогнозата на Ухмр за денеска.

До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Од среда се очекува да нема врнежи.