Шест работи во врска со сексот за кои се грижат жените – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/20 8:04 PM

Шест работи во врска со сексот за кои се грижат жените

Сексот е чувствителна тема, како за мажите, така и за жените.  Сепак, жените многу повеќе размислуваат за неа, проучувајќи го секој аспект на овој интимен чин. Женските мисли поврзани со сексот може да варираат од начинот на кој ја третирате партнерката, дали и колку се фокусирате на неа, па дури и дали на моменти ви станува здодедвно.

Во продолжение, прочитајте кои се најчестите работи на кои мислт жените за време на сексот:

Жената се грижи за тоа дали во ваквиот интимен чин вложувате исто толку напор како и таа

Сексот треба да биде сензуален, страстен и возбудлив. Тој треба да донесе сатисфакција и за двата партнера, што значи дека не треба да бидете себични, бидејќи тоа не би било фер. Исто како и секоја романтична врска, сексот се состои од давање и земање.

Таа има потреба да биде испочитувана во однос на она што го сака

Со оглед на тоа дека сексот треба да донесе обострано задоволство, почитта кон вашата партнерка е нешто задолжително. Ако таа каже „не“ за некој ваш предлог, тогај немојте да ја форсирате и не обидувајте се да и’ префрлите вина за тоа, бидејќи тоа би било неморално, однсно може да го уништи убавото нешто кое сте го започнале. Всушност, никој не треба да чувствува притисок за да направи нешто, ова не се однесува само на сексуалниот живот, туку воопшто на сите аспекти од секојдневието.

Таа е засегната од вашата хигиена

Добрата хигиена е круцијална за секоја личност, но таа не се однесува само на честото миење на рацете во текот на денот. Грижете се за целото ваше тело, бидејќи ова е исклучително важно во моментите кога треба да бидете интимни. Жените трошат значително време, како и пари за да се негуваат со разноразни производи, така што треба да вложите наппор за да бидете и вие на „на висина на задачата“

Жената сака да се фокусирате на неа

Да гледате телевизија или да се занимавате со социјалните мрежи додека сте интимни е една голема грешка. Сексот не треба да биде здодевен, така што ако не се фокусирате на партнерката, тоа ќе направи таа да се чувствува лошо бидејќи во тие моменти целото внимание треба да ви биде фокусирано на неа. Ако и’ покажете дека не сте возбудени, таа ќе го изгуби интересот исто така

Жената би можела да инсистира на заштита

Доколку се’ уште ви е нова врската, користете заштита за време на сексот, бидејќи може да се соочите со многу „опасности“ кои би влијаеле и на двајцата. Доколку партнерката бара да користите презерватив, не одбивајте го таквиот предлог, бидете интелигентни доволно за да ја испочитувата дамата и користете заштита како за ваше, така и за нејзино добро

Жената не сака да биде треирана како секс играчка

Ако жената се’ уште не е сигурна во врска со она што го чувствувате за неа, таа веројатно се грижи дали ја искористуваме само за секс или сакате нешто повеќе. Ако сакате нешто посериозно со неа, уверете ја дека сакате секогаш да ја третирате добро, не само за време на сексот уку и надвор од спалната соба. Зборувајте со неа, интересирајте се за нејзините чувства,  споделувајте прегратки. Не создавајте впечаток дека сте со неа само затоа што ви се допаѓа нејзиното тело, потрудете се повеќе, бидејќи тоа за неа ќе има големо значење.