Германската влада одлучи да ја забрани продажбата на пластични стапчиња за еднократна употреба, стапчиња за уши и садови за храна за еднократна употреба.
На тој начин Берлин ја спроведува директивата на Европската унија за намалување на количината на пластичен отпад што ја загадува животната средина. Германската влада се согласи да престане со продажба на пластика до 3 јули следната година , вклучително прибор за јадење за еднократна употреба, стапчиња за пијалоци и држачи за балони, како и чаши и кутии од полистирен.
Министерот за животна средина Свен Шулце рече дека тоа е дел од напорите да се одвратат сите од „фрлањето пластика“.
Околу 20 проценти од ѓубрето во парковите и другите јавни места е пластика за еднократна употреба, претежно полистирен.
Потребни се децении пластиката да се распадне, а се претвора во микроскопски ситни честички кои се наоѓаат во телата на риби, птици и други животни.
Полистирен е еден од најчесто користените пластични материјали и се произведуваат неколку милијарди килограми годишно.
Овој материјал се користи за пакување, шишиња, капаци и прибор за јадење за еднократна употреба.
Инаку, Германија е една од „зелените“ членки на Европската унија и посветува особено внимание на подигање на свеста на граѓаните за екологијата и заштитата на животната средина.