Намаленото либидо или малата желба за секс може да биде нормална појава кај жените што се во менпауза. Ова може да го намали квалитетот на живеење, па и да го наруши односот со партнерот. Сексот е еден од важните аспекти на квалитетниот љубовен живот, па затоа и не изненадува тоа што жените се оптеретуваат со губењето на сексуалната желба. Ова сепак не е проблем за кој нема решение. Напротив, постојат одредени стратегии кои може да им помогнат да жените за поголема страст, што ќе направи да се чувствуваат помлади и поздрави.
Редовниот секс го зајакнува здравјето, бидејќи колку е поредовен толку подобро се намалува стресот, се подобрува циркулацијата па и целосното функционирање на организмот. Освен менопаузата, она што може да влијае негативно на женската желба за секс е депресијата, односно користењето антидепресиви. Темата за женската сексуалност се уште е таму тема, но за среќа постојат природни начини на кои може да го зголемите либидото, односно да ги земете предвид факторите што го намалуваат и да им се „спротивставите“.
Стрес
Стресот кај повеќето луѓе, влијае на начин што ја намалува желбата за сексуален однос. Тоа што би можеле да го направите за да се ослободите од него е масажа, краток одмор или медитација. Во ваков случај, добро е да внесете промена и во начин на кој се храните, односно да внесете повеќе Б витамин во вашите оброци. Ограничете го внесот на рафинирани шеќери и вештачки засладувачи, бидејќи ваквото ограничување може да ви биде од помош при борбата со стресот.
Спиење
Добриот сон е клучен за правилно функционирање на организмот. Иако ова е општо познато, луѓето често го занемаруваат сонот како важен фактор во секојдневното живеење. Без доволно сон, телото нема да биде одморено, па следствено на тоа нема да има доволно енергија. За да може полесно да потонете во сон, вежбајте јога за да опуштат и телото и умот.
Природни додатоци на исхраната
Фитотерапијата или лекувањето со билки е добар сојузник во борбата против намаленото либидо кај жените. Конзумирањето на производи на база на женшен исто така може да биде од помош, бидејќи женшенот се смета за афродизјак. Овде може да се спомене и мачата во прав, која придонесува за подобар хормонален баланс. Ако ја комбинирате мачата со темно чоколадо би можеле да постигнете уште подобар ефект.
Ограничување на внесот на алкохол
Умерената употреба на вино би можела да ја зголеми вашата желба за интимен однос, но важно е да не претерате бидејќи во тој случај може да дојде до „убиство“ на сексуалниот нагон. Ограничувајќи го внесот на алкохолот, можете да се посветите повеќе на хидратацијата на вашиот организам и да внесувате повеќе течности, како би можело самото тело подобро да функционира, а со тоа да се овозможи и подобрување на сексуалниот живот.