Германија: новиот модел за вработување луѓе од Балканот функционира добро – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/18 1:19 PM

Германија: новиот модел за вработување луѓе од Балканот функционира добро

Живеете на Балканот и сакате да работите во Германија? Заборавете на азил или работа на црно, и легално побарајте работна дозвола.

Имено, од крајот на 2015. година во сила стапи ткн. Регулатива за Западен Балкан. Што значи таа конкретно и кој најмногу профитираше? Поедноставената процедура би требало да им го олесни легалното доаѓање на граѓаните на земјите од Западниот Балкан. Но, олеснувањата не се исти за сите .

Додека за физичарите, математичарите, инжинерите, лекарите и информатичарите долната граница за добивање на „сината карта“ е спуштена на 40.000 евра, за останатите академски граѓани и натаму е 50.000 евра годишна плата.

За занаетчиите додуша не постојат парични ограничувања, но медицинскиот персонал, механичари, возачи и фризери многу полесно добиваат работа во Германија од, на пример, трговци или секретарки.

Покрај олеснувањата заинтересираните кандидати мораат да се справат со куп бирократски процедури. Сепак, во 2017. бројот на издадени работни дозволи се зголеми за 60%. Но, истовремено порасна и бројот на одбиени. До октомври 2017 Сојузното биро за работа издало речиси 63.000 работни дозволи, а одбило 17.500. Најмногу доаѓаат Албанци, на второ место се граѓаните на Босна и Херцеговина а на трето оние од Србија.

63.000 работни дозволи звучи многу. Но, со оглед на тоа колку на Германците им недостасува работна сила, тоа е многу малку- и речиси безначајно.

Извор: DW