Секс играчките како зачин за вашиот љубовен живот – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/20 8:39 PM

Секс играчките како зачин за вашиот љубовен живот

Пазарот на играчки за возрасни никогаш не бил поголем, а ставовите за него стануваат се’ полиберални. Ако ви е незгодно да отидете во  продавница за ваков тип производи, може да ги искористите страниците кои нудат можност за нивно електронско купување.

Од дискретна мисионерска поза до акробации на кујнските елементи – сексот има безброј положби и завиден број комбинации, а граница е само човечката фантазија, секако под претпоставка дека „актерите“ со задоволство прифаќаат нови идеи. Сцената во овој случај е креветот, но возбудата може да биде уште поголема доколку сте надвор од теренот и при тоа користите некоја секс играчка. Овие играчки стануваат добиваат на популарнст, особено кај паровите што ја одржуваат врската на далечина. На пример, има играчки кои по пат на апликација се поврзуваат со мобилниот телефон па партнерите на овој начин даваат команди.

Меѓу секс играчките денес може да се најдат разноразни стимулатори, прстени, траки па дури и мелеми кои интимниот дел од телото може да го направат уште почувствителен и да го подготват за неверојатно уживање.

Според истражувањето објавено на порталот Psychology Today, паровите кои се во состојба да бараат нови начини за да ја изразат својата интимност, вклучувајќи ги и секс играчките, имаат поквалитетна врска односно подобро ја одржуваат страста.

Според порталот, најчестата заблуда за секс играчките е дека оние што сакаат да ги користат не се задоволни од вештините на својот партнер, но тоа сепак е далеку од вистината. Паровите користат секс играчки токму кога се блиски и слободни да бидат она што вистински се.

 

Фото: depositphotos.com

Текст: zena.rtl.hr