Поранешниот НБА тренер и сегашен селектор на српската кошаркарска репрезентација, Игор Кокошков, ќе застане на клупата на турскиот великан Фенербахче. Кокошков ќе го замени Жељко Обрадовиќ, откако челниците на Фенер и трофејниот европски тренер не постигнаа договор за продолжување на верноста.
Според „Eurohoops“, освојувачот на европското првенство со Словенија го делат само неколку ситни детали од остварување на сонот наречен водење европски голем клуб.