Старлетата Александра Накова место во самизолација ужива на базен, полицијата ја привела – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/20 11:11 AM

Старлетата Александра Накова место во самизолација ужива на базен, полицијата ја привела

Вчера во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија, која не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

Медиумите пишуваат дека станува збор за старлетата Александра Накова Гајдаџиев, која, како што информираат од МВР,  по комплетирање на случајот, за неа ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик.

Известен е Јавен обвинител, а лицето било спроведено во државен карантин.