Убиен талибанскиот лидер Мула Фазлула – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/18 12:44 PM

Убиен талибанскиот лидер Мула Фазлула

Лидерот на пакистанските талибанци, Мула Фазлула е убиен во напад на американско беспилотно летало во провинцијата Кунар –  соопшти денеска авганистанското Министерство за одбрана.

Фазлула и уште двајца талибански бунтовници се убиени вчера во дистриктот Маравара, истакна портпаролот на Министерството, Мухамед Радманиш.

Портпаролот на американските сили во Авганистан, Мартин О’Донел изјави дека се извршени „антитерористички напади“ во близина на границата меѓу Авганистан и Пакистан, со цел да се погоди „висок лидер на терористичка организација“. Тој не потенцира дали имало загинати, ниту дали Фазлула бил мета на нападот.