Косовскиот премиер Авдулах Хоти синоќа допатува во Тирана каде што денеска ќе има средби со највиските албански државни раководители.
Хоти вчера во емисија на ТВ „Клан“ откри е еден од предлозите што ќе му ги даде на албанскиот премиер Еди Рама. Се работи за пристаништето Драч, за кое имаше предлози да биде како заедничко пристаниште за двете земји, пренесува „Зери“.
„Сега имаме некои други идеи и утре н премиерот Рама ќе му предложам нов формат на оваа точка. Ќе предложам, ќе замолам таа точка практично да биде – дел од пристанишето во Драч да биде пристаништ на Косово, стоката да влегува и да се царини со косовска царина и транзитно да стига до косово“, рече Хоти.