Пеење само под туш! Зошто пеењето лесно ја пренесува заразата, објаснуваат светски епидемиолози – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/20 8:11 AM

Пеење само под туш! Зошто пеењето лесно ја пренесува заразата, објаснуваат светски епидемиолози

Членот на Кризниот штаб на  Србија, д-р Дарија Кисиќ Тепавшевиќ, зборуваше за ТВ Прва за зголемениот пренос на вирусот корона, и истакна дека одржувањето на прослави, како и пеењето, е исклучително лесен начин за пренесување на вирусот.

„Тоа сега е препознаено  како фактор на ризик и ние дефинитивно треба да се воздржиме од такво однесување додека вирусот корона е активен“, рече Кисиќ Тепавчевиќ.

Кога пеат, луѓето испуштаат многу големи и мали респираторни честички. Пејачите исто така дишат длабоко, со што се зголемува нивната способност да вдишат инфективни честички. Слична динамика на инфекција може да се види и во други средини каде подразбира подлабоко дишење и гласен разговор во подолг период – во спортски сали, на музички или театарски претстави, конференции, свадби и родендени. Од 61 случај на инфекција од истиот извор во Јапонија помеѓу 15 јануари и 4 април, повеќето биле таму каде што било вклучено длабоко дишење во непосредна близина, како што се забави на караоке, пеење во клубови, разговори во барови и вежбање во спортски сали. , покажа неодамнешната студија во списанието Emerging Infectious Diseases, пренесува Новости.

Процентот на луѓе кои се заразуваат на одредено место или во одредено време може да биде многу висок кога станува збор за настани со голем број на луѓе, во куќи и други простории каде има премногу луѓе на мало место и каде има долготрајни контакти. Се проценува дека околу 10% од луѓето се одговорни за 80% од преносите, според неодамна објавената студија во Wellcome Open Research.

Некои заразени лица може да имаат повисоки концентрации на вирусот или да произведат повеќе капки кога дишат или зборуваат или се во затворен простор со голем број на луѓе и лоша вентилација, за време на најинфективната фаза на болеста, рече професорот за заразни болести Џејми Лојд Смит од Универзитетот во Калифорнија.

Оваа стапка на можност за заразување на друго лице е истражувана во домаќинствата и се движи помеѓу 4,6 и 19,3 проценти, според неколку студии. Брачните другари се со поголема веројатност да бидат заразени, 27,8%, отколку другите членови на домаќинството, 17,3%, според студијата од Кина. Постојат многу примери каде, кога семејствата ги следеле правилата за далечина и хигиена, другите членови не се разболеле, иако едниот член бил болен.

Фото: velikirecnik.com