Време: Денеска до +37, попладне дожд, а и во следните денови врнежливо, но и со пад на температурите – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/20 5:47 AM

Време: Денеска до +37, попладне дожд, а и во следните денови врнежливо, но и со пад на температурите

Сончево и многу топло (до +37) со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

До средината на наредната седмица ќе бидеме под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови да има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Ќе има и благ пад на температурите за четири-пет степени во однос на денешната.