Ова е мислењето на мексиканските научници, според кои љубовта е „привремена состојба на телото што хемиски не може да трае повеќе од 4 години“. Според Георгина Монтемајор Флорес од Националниот автономен универзитет во Мексико, во првата фаза мозокот произведува специјални хемиски соединенија кои се распростануваат во сите негови неврони. Во овој период, жртвата на Купидон не е во состојба да размислува за ништо друго, освен неговата сакана личност.
Сепак, од анатомски причини, љубовта не може да трае повеќе од 4 години – дури и во најромантични случаи. Покрај тоа, менталната состојба на вљубениот може да се спореди со повеќето тешки ментални состојби што треба да се надминат. Флорес исто така потенцира дека некој може да се за вљуби во некого само еднаш: „Повторените испади на чувствата можат да се објаснат само на друг начин – преку приврзаност или сексуална привлечност“. Според неа, љеубовта доведува и до намалување на креативните способности. „Ништо навистина вредно не се создава за време на периодот на љубовта, освен откако таа веќе ќе си замине“, пренесува Би-Би-Си.
Текст: zdrave.bg
Фото: alo.rs