Граѓаните загрижени за невработеноста, Ковид-19 и корупцијата – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/20 5:27 PM

Граѓаните загрижени за невработеноста, Ковид-19 и корупцијата

Засилен песимизам кај македонските граѓани во последните три месеци од почетокот на пандемијата на коронавирусот, утврдува анкета на Националниот демократски институт (НДИ). Во последното истражување на јавното мислење, 44% од испитаниците оцениле дека државата се движи во погрешна насока-зголемување за 11% во однос на март.
Граѓаните се најзагрижени за економските проблеми и вработувањето, како и за системските проблеми- за овие проблеми се изјасниле повеќе од една третина од испитаниците- но на трето место сега е и пандемијата на Ковид-19 од која стравуваат над 20 проценти. Во однос на периодот февруари/март кога е правена претходната анкета на НДИ, во јуни дури 38 отсто од испитаниците велат животот им е влошен, во однос на 24 проценти пред три месеци. Најголема доверба (40%) испитаниците имаат во претседателот на државата, а најголема недоверба (68%) во судовите.

НДИ спроведе истражување на јавното мислење на терен, преку интервјуа лице в лице, од 12-21 јуни на национален репрезентативен примерок од 1.213 испитаници кои имаат над 18 години. Анкетата е со маргина на грешка од  +/- 2.8 проценти и 95% стапка на доверба. Истражувањето и анализата беа спроведени од страна на Тим институт и Starr Opinion Research во име на НДИ. Податоците од анкетата не го предвидуваат изборниот резултат.

 

DW