Паулињо: Бразил е подобро подготвен отколку во 2014-та – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/18 11:50 AM

Паулињо: Бразил е подобро подготвен отколку во 2014-та

Тимот на Бразил е многу поподготвен за напад на Светскиот куп сега, отколку што беше пред четири години на домашниот Мундијал – смета фудбалерот на бразилската репрезентација, Паулињо.

На домашен терен, „селесао“ дојде во полуфиналето, каде што претрпе историски дебакл против Германија од 1:7. Домаќините тогаш загубија и во борбата за третото место против Холандија.
Дваесетидеветгодишниот Паулињо тогаш беше дел од клубот, чиј тренер беше Луис Фелипе Сколари. Во несреќниот натпревар против Германија, тој се појави како замена. Сега тој е еден од само четворицата играчи кои играле таа ноќ, а денес повторно се дел од тимот кој е веќе под раководство на Тите.
„Сега нашата доверба е поголема. Како што се одвиваат работите за Бразил во моментот, очигледно е дека нашата самодоверба е подобра. Бразил е подобро подготвен на повеќе начини. Тоа е дел од фудбалот – ќе научите многу четири години“, изјави Паулињо пред мечот со Швајцарија во понеделник, 17-ти јуни.
Покрај Бразил и Швајцарија во групата „Е“ се уште Србија и Костарика.