Алтернативата за Чилвел, Челзи и Сити ја гледаат во левиот бек на Евертон – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/20 1:18 PM

Алтернативата за Чилвел, Челзи и Сити ја гледаат во левиот бек на Евертон

Големите клубови во Англија веќе сериозно се подготвуваат за скратениот трансфер период, во обид да создадат поконкурентни и поквалитетни тимови за следната сезона и да останат до крај во сите четири компетитивни натпреварување. Во таа насока, тимот на Френк Лампард веќе официјализираше две засилувања во името на Тимо Вернер и Хаким Зијеш, но според најавите, „сините“ немаат намера да застанат.

Ремонтот во одбрана кој очигледно е потребен, ќе започне со пополнување на левата бековска позиција. Квантитативно исполнета со Алонсо и Емерсон, но квалитативно Челзи се соочува со сериозни проблеми. Бен Чилвел е името со кое Челзи највеќе се поврзува во овој период. Лестер за неговите услуги бара повеќе од 70 милиони, па затоа заинтересираните страни можеби ќе се свртат кон други, поевтини и достапни решенија на маркетот.

Лукас Дињ, левиот бек на Евертон и поранешен играч на Барселона и Рома, претставува алтернатива за Бен Чилвел, која Челзи може да ја искористи вклучувајќи го Курт Зума во евентуалниот трансфер, или плаќајќи ја целосната сума. Според Марк Огден од „ESPN“, покрај Челзи, во трката за неговиот потпис би можел да се вклучи и Манчестер Сити, со оглед на тоа дека Пеп Гвардиола не е задоволен од неговиот избор на левата бековска позиција и бара освежување на местото на Менди и Зинченко.

Дваесет и седум годишниот Французин, од редовите на Барселона пристигна во Евертон за 18 милиони фунти, во 2018 година и потпиша петгодишен договор. За француската репрезентација има 30 настапи и педигре во Лигата на шампионите со каталонската екипа.

Во меѓувреме, Евертон го ангажира младиот и талентиран француски лев бек, Ниел Нкунку, како бесплатен играч од Олимпик Марсеј.