Триесет и две годишната белграѓанка Јасмина пред неколку дена во центарот на Белград нашла на улица паричник. Кога го отворила, видела дека е полн со пари, платежни картички и со комплетните лични документи на сопственикот на паричникот, пренесува „Србија данас“.
Првин помислила веднаш да го однесе во полиција, но видела дека ќе задоцни на работа, па веднаш отишла на работното место и со колешките се консултирала што е најпаметно да направи – да се јави во полиција, кај човекот чии документи се во паричникот, но немала телефонски број од него, или, пак, во една од банките чии платежни картички ги нашла во паричникот. Добила една од банките, на службеничката што и’ се јавила и’ рекла дека нивни клиент си го изгубил паричникот со пари,картички и сите лични документи. Јасмина и’ оставила своја адреса и телефонски број…
„Следниот ден ми ѕвони телефонот на работа. Се јави човекот. Се симнав пред зградата, се претставив, му кажав каде го надов паричникот и оти во него си стои се’. Видов и оти тоа е човекот од сликите на документите во паричникот. Тој го отвори паричникот, виде дека сите документи и парите се во него, па шок… Ниту се ракуваше со мене, ниту малку да се насмее, само одвај изговори ’благодарам’ и замина. Јас не очекував ништо, најмалку да ми дава некаква награда, која секако ќе ја одбиев, но барем можеше да се ракува, посрдечно да се заблагодари, да каже две-три реченици… А, речиси цел ден поминав во консултации со колешките, во ѕвонење на телефони, во страв да не рече кога ќе му го вратам паричникот дека во него имало повеќе пари“, раскажува Јасмина.