Мурињо: Не ни треба многу инвестиции – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/20 9:32 AM

Мурињо: Не ни треба многу инвестиции

На Тотенхем не му треба голема инвестиција, сигурен е менаџерот на англискиот клуб, Жозе Мурињо. Тимот од северен Лондон е дел од Лигата на шампионите во последните четири години, откако стигнаа лани до финалето на најпрестижниот клупски турнир, но загубија од Ливерпул со 2-0.

-Двете добри работи се дека претседателот Даниел Леви го сака она што и јас го сакам.Тој самиот сака се што сакаат фановите – да освојуваат трофеи и победуваат мечеви. Тоа е нешто одлично. Втората добра работа е што не ни требаат многу подобрувања, не ни требаат многу играчи и нвестиции. Ова е профилот на нашиот клуб. Со или без Ковид-19, со или без учество во ЛШ, дефинитивно ќе можеме да го подобриме нашиот состав. Ова е токму она што го сакаме, категоричен е португалскиот стратег.

Во четврток Тотенхем игра како гостин против Шефилд Јунајтед и се надева дека ќе го фати последниот воз за европските натпреварувања следната сезона.