Угостителите ширум светот измислуваат иновации како да го ублажат падот на прометот поради пандемијата, а воедно да ја одржуваат физичката или социјалната дистанца во свите локали.
Најновата идеја се големите плишени мечиња поставни на столови во кафулиња во Париз. Создаваат позитивно чувство и им помагаат на луѓето полесно да ја поднесуваат дистанцата.
Германците, пак, претходно измислија шешир со реквизити за базен, кој добро функционира за одржување дистанца во угостителските објекти.
Холанѓани, пак, имаат креација на мали стаклени куќички поставни во угостителски објект кои овозможуваат одење на пијалак и јадење со одржување социјална дистанца.