Стотина луѓе загинаа во Етиопија на протести поради убиство на познат пејач и активист – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/20 8:36 AM

Стотина луѓе загинаа во Етиопија на протести поради убиство на познат пејач и активист

Повеќе од 80 луѓе загинаа во демонстрациите во етиопскиот округ Оромија по убиството на популарен пејач, изјави регионалниот полициски комесаар.

Помеѓу мртвите се 78 цивили и тројца полицајаци. Во тој број не се вклучени смртните случаи во главниот град Адис Абеба, каде што е убиен еден полицаец, а непознат број луѓе се убиени завчера во три експлозии.

Пејачот, текстописец и познат активист Хачалу Хундеса од етничката заедница Оромо Хачалу, која е мнозинска во Етиопија, беше убиен во понеделникот во престолнината, а напаѓачите избегале. Пејачот бил еден од предводниците на тригодишните антивладини протести против дискриминацијата што неговата заедница ја доживувала до 2018 година и доаѓањето на Аби Ахмед на фукнцијата премиер на Етиопија.