Сообраќајка во Кисела Вода, две лица пренесени во болница – ММС
ММС

Објавено на: 07/1/20 10:22 PM

Сообраќајка во Кисела Вода, две лица пренесени во болница

Сообраќајна несреќа се случи вечерва во скопската населба Кисела Вода на крстосницата на булеварот „Борис Трајковски“. Во несреќата учествувале џип „БМВ Х6“ и „опел астра“.

Со возила на Итната медицинска помош две лица биле однесени во болница. Засега не е позната здравствената состојба на двајцата повредени.

Извор: press24.mk