Вчера после три и пол месеци за прв пат одекна реченицата „Clear to land runway three-four“ на фрекфенцијата на конторлата на летање, а упатена кон првиот патнички авион кој слета на скопскиот аеродром. Радост за патниците, бидејќи со нетрпение го очекуваа први јули за да се отвори аеродромот и да почне да се патува, но радост и за вработените во контрола на летање, кои од вчера повторно почнаа да ги пречекуваат и испраќаат патничките авиони. Наташа Мијат Крстевска, контролор на летање на кула за mms.mk го објасни чувството, како е после три и пол месеци да се слушне моторот на авионот, откако на 18 март малку пред полноќ слета последниот авион на „Визер“ и по него аеродромот се затвори.
-Прв ден официјално на работа, вчера бев и на приодна контрола и на кула. Ми беше многу драго што ми се падна да бидам на работа во ваков историски момент за нашата авијација, бевме во карантин цело воздухопловство. Благодарни на војската, ДХЛ и полицијата, што ги опслужувавме секој ден, па не заборавивме да зборуваме на фрекфенција. Како е чувството во авион не знам, колку им е мачно со маска ама чувството на фрекфенција, повторно да ги слушнеме пилотите од авиокомпаниите беше свечен настан за нас контролорите, вели таа.
Вчера прво слетување направи авионот на Туркиш ерлајнс, кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници. Го пречекаа со авијацискиот поздрав за “добредојде” – воден мост во форма на виножито. Веднаш по него слета и авионот на „Пегасус ерлајнс“, исто така од Истанбул, кој во Скопје донесе 125 патника.
View this post on Instagram
-Интересно е како со млаз вода го попрскуваат. Ова е вообичаена пракса не само сега, туку и секогаш кога од некој град прв пат ќе слета авион, го дочекуваат со таква процедура. Веројатно на чисто да слетаат, да бидат чисти. Тоа е процедура или да го наречеме адет во воздухопловство. Навистина вчера бевме многу среќни и возбудени. Ноќта кога, пред три и пол месеци, слета последниот авион не бевме ни свесни дека толку долго време само немо ќе ги гледаме авионите на платформата. Бевме верни чувари на небото цело време ама чувството да се ставиме во погон и да се чувствуваме вредно и корисно е незаменливо, непроценливо, додава Наташа.
Сите патници што слетале биле со маски, а таква е и процедурата, односно протоколот кај нив на работа, да седат по осум часа со маски?
-На влез ни мерат температура, маски носиме цело време. Вчера не засилија и со визири. За време на целата корона апстиненција на работа одевме поделени во тимови. Затоа што не можевме да си го дозволиме луксузот цела смена да ни биде заболена во исто време. Вчера за прв пат се измешавме колеги од различни сектори, со некои колеги за прв пат се видовме после три месеци иако во иста зграда одиме на работа. Се надевам дека ова ќе остане како една лекција од историска читанка. Јас со строги и нови правила за безбедноста во авиосообраќајот втор пат се соочувам. Прв пат, кога почнував на работа и бев на обука. Тогаш се случи 11 септември, се срушија кулите близначки во Америка. И после тоа ништо толку силно не ја раздрмало авијацијата како сега ковид пандемијата. Но, ќе се научиме да живееме со правилата што ги носи таа, вели Наташа.
Весна Миленковска
View this post on Instagram
На 18 март во 23:45 … Последен пат Визер слета, неколку минути пред да го затвориме скопскиот аеродром поради вирусот на корона …. Никогаш не можев да верувам дека ќе бидам сведок на таква историја, вели Наташа
Еве како беше првото слетување: