„Охрид калинг“ се одложува за идната година – ММС
ММС

Објавено на: 07/1/20 7:22 PM

„Охрид калинг“ се одложува за идната година

Авалон продукција информира дека иако Комисијата за заразни болети во земјава дозволи да се одржуваат јавни open-air настани со 50% намалени капацитети, земајќи ја предвид масовноста на публиката, фестивалот и воопшто, неговиот концепт, одлучиле OHRID CALLING да се одложи за следната година.

– Сепак, периодов интензивно работевме на тоа истите артисти да ги префлиме за следната година, па така, јубилејното издание на OHRID CALLING ќе биде ТРИ дена и ќе се одржи од 30-ти јули до 01-ви август 2021 година на истата локација, во касарната во Охрид, наведуваат од Авалон.