Mладиот бек ја продолжи верноста со Арсенал – ММС
ММС

Објавено на: 07/1/20 1:53 PM

Mладиот бек ја продолжи верноста со Арсенал

Осумнаесетгодишниот крилен играч од нападот, конвертиран сезонава во лев бек, Букајо Сака, потпиша нов долгогодишен договор со тимот од северен Лондон. Младиот Aнгличанец импресионираше сезонава и со сигурност може да се каже дека е еден од најистакнатите поединци во тимот на Артета. Од неговиот деби настап во Европа Лига против Ајнтрахт Франкфурт, тој забележа 37 настапи за Арсенал.

Во Премиер Лигата, младиот Сака дебитираше против Фулам во победата од 4-1, минатата сезона. Додека пак првиот гол во кариерата за Арсенал го постигна токму против Ајнтрахт Франкфурт во септември минатата година.

-Букајо е талентиран и интелигентен млад играч. Тој ме импресионираше мене со неговата работна етика и желба за учење и адаптирање, кое подоцна се вредно се исплати. Возбуден сум што ќе продолжам да работам со него и ќе учествувам во неговиот развој понатаму, изјави тренерот на „топџиите“, Микел Артета, за официјалниот сајт на клубот.

Со 11 асистенции, Сака е првиот тинејџер што има двоцифрени бројки позади него, прв после Цеск Фабрегас во сезоната 2006/2007.