Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, денес уплатил пет милиони динари во Општата болница во Нови Пазар за да помогне во борбата против коронавирусот.
Имајќи ја предвид тешката состојба во тој град, Ѓококовиќ лично контактирал со управата на болницата и понудил дека „Фондацијата Ѓоковиќ“ веднаш ќе се што е потребно за лекување на заразените со вирусот „Ковид-19“.
„Ѓоковиќ веќе платил пет милиони за набавка на заштитна опрема, лекови и медицински помагала, а договорот е идната недела да доплати уште колку е потребно“, рекол директорот на Здравствениот дом во Нови Пазар, Ервин Ќоровиќ, за „Танјуг“.
Станува збор за голема помош, убедливо најголема што Нови Пазар ја добил, вели Ќоровиќ.
„Во име на сите граѓани на Нови Пазар сите здравствени работници, му се заблагодаруваме на помошта што ќе се искористи за набавка на заштитна опрема, медицински помагала и лекови“, истакнува Ќоворовиќ.
На почетокот на пандемијата, Ѓоковиќ, кој самиот беше заразен со коронавирусот, платил еден милион евра помош на Србија за набавка на медицинска опрема, а исто така и донирал средства на Италија, земја која е најпогодена од вирусот.
mondo.rs