Пополнети се 34 од вкупно расположивте 35 кревети на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. Ова е состојбата со утринската визита, по која се очекуваше да бидат испишани неколку лежечки пацинети. Дали е време за активирање на планот Б, го прашавме диоректорот на Клиничката болница, Ален Ѓеорѓијев.
– Засега се користат капацитетите на Инфективното оддление, но доколку инфектолозите побараат, веднаш ќе се одлободи Неврологија и таму, според планот Б, ќе се сместат новите пацинети. Има доволно кревети, изјави директорот Ѓеоргијев.
Петмина од заболените со ковид се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка.
Состојбата секојдневно се менува, бидејќи статистиките речиси секој ден покажуваат двоцифрени бројки на заболени. Поголемиот дел се пациенти, кои немаат потреба од болничко лекување.
Меѓу заболените има и медицински персонал. Од шест заболени, двајца од Одделението за физикална терапија се вратија на работа, а деновиве се очекуваат тестовите за останатите.
На Инфективното одделение и натаму е ангажирана докторка – инфектолг од Струмица, која е пратена на помош на штипските колеги.
Две поголеми компании, остануваат жариште на ковид. Всушност, последниот месец, со појавата на вирусот во конфекциите, Штип стана жариште.
Здравствените власти реагираат дека граѓаните не ги почитуваат мерките и задолжителното носење на маска, додека често е групирањето, особено на младите.