Со натпреварот меѓу Египет и Уругвај ќе започне вториот ден од Светското првенство во фудбал, кое се игра во Русија.
На еден час пред овој дуел, кој е од групата А, двата селектори ги открија адутите со кои ќе атакуваат на првите бода на Мундијалот. Очекувано предводници на јужноамериканската селекција ќе бидат Луис Суарез и Единсон Кавани, додека Хектор Купер не сакаше да ризикува со својата прва звезда Мохамед Салах и го остави на клупата за резерви.