Ременски поднесе барање за изземање на Рускоска од судењто за „Меѓународниот сојуз” – ММС
ММС

Објавено на: 07/1/20 10:17 AM

Ременски поднесе барање за изземање на Рускоска од судењто за „Меѓународниот сојуз”

Поранешната пратеничка Фросина Ременски која е третобовинетата во случајот за „Меѓународниот сојуз” на Бојан Јовановски до државниот јавен обвинител Љубомир Јовески поднесе барање за изземање на обвинителката Вилма Рускоска од овој случај за кој денеска почнува судењето.

-Денеска пред почетокот на судското рочиште за „Меѓународниот сојуз” во кое сум третообвинета поднесов  барање за изземање на застапникот на обвинението Вилма Рускоска пред државниот јавен обвинител, затоа што се сомневаме во сите фази во предистрагата, истрагата и оценката на обвинителен акт. Имаме цврсти докази за тоа дека постои селективност во постапувањето на основниот јавен обвинител што го застапува обвинението преку кршење на основните права на одбраната во овој случај на мене, меѓутоа и во делот на попречување на правдата, која што е во надлежност на постапување на други институции, изјави Ременски денеска по поднесувањето на барањето.

Рече дека постоеле изјави за изнудување на исказ, за признание и користење на неповолна положба на обвинет за изнудување на исказ против други обвинети во случајот.

-Меѓутоа тоа можеби и не е најстрашниот дел во целото постапување на јавната обвинителка имајќи во предвид дека таа раководеше и издаваше наредби за незаконски претрес во мојот дом за што постојат повеќе од 16 докази приложени во самото барање за изземање до државниот јавен обвинител за што секако е прифатена и тужба пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, додаде Ременски.

Посочи дека на нејзиното постојано инсистирање на јавнообвинителско постапување во случај со злоупотреба на тендери за  јавни нбавки поврзани со незаконско опремување на МВР преку  злоупотреба на универзитетите поднесена во април 2013 година и на нејзиното континуирано инсистирање на јавнообвинителско постапување дури и во случај кога јавната обвинителка Вилма Рускоска е шеф  на Одделението за организиран криминал и корупција во Обвинителството, сето тоа, рече Ременски, укажува на една селективност, пристрасност и тенденциозност во целокупното нејзино постапување.

Ременски очекува државниот јавен обвинител пријавите да ги разгледа совесно, професионално и да одлучи за нејзино изземање како застапник на обвинението.

-Ако лично ме прашате јас немам голема верба во позитивното одлучување  по ова мое барање затоа што Јавното обвинителство во многу случаи досега пријавени од мене во службено постапување отсуствува, односно нема исход од целокупните пријави, но сето тоа ќе зборува за другата компнента за во целиот случај кој на очглед на јавноста е прилично пропагандно претставен, а сега во кампања се користат сите елементи да се поентира со некаква правда и некакви процедури во институциите, истакна Ременски.

Одговарајќи на новинарско прашање Ременски рече дека таа, како и медиумите дознала дека  под заклетва и на јавна седница еден од обвинетите пред судијата изнесе аргументи и ставови дека  во постапка предистражна, истражна за давање на позитивно ислење за ослободување од притвор му е вршено влијание за да се изнуди некаков исказ за да се искористи во случајот против неа.

-Државниот јавен обвинител ги има сите  механизми да го истражи тоа и да одговори соодветно. Додека тоа не се случи јас имам причина да верувам дека тоа се случило. Имајќи вопредвид дека моите адвокати кои ме застапуваат во овој предмет во сите фази кои ги имавме изминатиот период и како увид во докази и списи не најдоа ниту елементи за основано сомневање, а не пак за доказ за подигнување на обвинителен акт против мене, имајќи го предвид дека во обвинитлниот акт јас се спомнувам два пати и со тоа мојот углед и авторитет е ставен во негативен контекст за поддршка на општествено добар проект кој требало да биде во реализација на трети лица. Тоа е сериозен преседан кој можеби сега не може да се види, но во блиска иднина може да предизвика сериозни турбуленции и во рамките на обвинителското постапување за секој носител на јавна функцика кој што во некаква ситуација ќе поддржи нешто што можеби нема да биде реализирано од трети лица кои си презеле обврски да го реализираат, рече Ременски. 

МИА