Хонг Конг: Прво апсење според новиот закон, кој пропишува и доживотен затвор за барање отцепување – ММС
ММС

Објавено на: 07/1/20 9:54 AM

Хонг Конг: Прво апсење според новиот закон, кој пропишува и доживотен затвор за барање отцепување

Во Хонг Конг денес е спроведено првото апсење врз основа на примената на Законот за национална безбедност усвоен вчера. Полицијата на Твитер соопшти дека е уапсен маж кај кој е пронајдено знамето за независност на Хонг Конг.

„Човек што го поседува знамето за независност на Хонг Конг беше уапсен во областа Козвеј Беј поради кршење на законот за државна безбедност“, изјавија полицијат,пренесуваат агенциите.

Исто така, се наведува дека ова е прво апсење од донесувањето на Законот кој предизвика реакции во светот, а со кој се превидува и доживотен затвор за барање отцепување од Кина на Хонг Конг, 7,5 милионскиот финансиски центар.