Почина композиторот оскаровец Џони Мендел – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/20 5:44 PM

Почина композиторот оскаровец Џони Мендел

Добитникот на Греми наградите и Оскар, Џони Мендел кој ја компонираше тематската песна за серијата  “M * A * S * H” , почина на 94 годишна возраст.

Веста на социјалните мрежи ја потврди неговиот колега Мајкл Финштајн

„ Драг пријател и извонреден аранжер, композитор и светски талент. Џони Мендел само што почина“ , напиша Финштајн.

„Светот никогаш нема да биде ист без неговиот хумор, духовитост и поглед на животот и човечката состојба. Беше навистина многу напред пред времето и никој не може да напише или искомпонира онака како што го правеше тој тоа “ , стои во објавата.

Неговата кариера започна кога соработуваше со Бади Ричи и  Каутни Басиј, пред да стане големо име во светот на компонирањето и аранжирањето.

Тој ја компонираше песната „Emily” за филмот со Џули Ендруз “ The Americanization of Emily “ во 1964 пред да ја искомпонира тематската песна за серијата “M * A * S * H” во 1970 година.

За време на својата долга кариера, Џони работеше и со Френк Синатра, Барбара Стрејзенд, Тони Бенет и Мајкл Џексон.