Лекарите и медицинскиот персонал од Нови Пазар ја пречекаа Брнабиќ завртени со грб, а потоа за време на нејзиното обраќање довикуваа во знак на незадоволство од условите на работа и недостатокот на опрема во болницата.
Освен од лекарите Брнабиќ доби „пречек“ и беше исвиркана и од голема група на граѓани кои се собраа пред болницата. Тие за медиумите изјавија дека се огорчени што државата не им помага и тврдеа дека реалните бројки на заболени и починати се многу поголеми отколку што се претставуваат а според нив тоа е резултат на изборите кои морале да поминат.
Брнабиќ пак на ова возврати дека „ги знае сите тие луѓе и дека се политички активисти“ и потенцираше дека од нив не се плаши.
Najsramnije nešto što sam ikada video. Ljudski šljam, bezobrazluk i nečoveštvo. pic.twitter.com/fg75Jmor4q
— Miljan Mladenović (@MladenovicNTP) June 30, 2020
Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 276 новозаразени, а три лица починале.