Мицкоски: Почитувањето на верската различност е од особен интерес за доброто на сите граѓани – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/18 10:12 AM

Мицкоски: Почитувањето на верската различност е од особен интерес за доброто на сите граѓани

По повод празникот Рамазан Бајрам, честитка до до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, реис-ул-улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Рамазан Бајрам за сите муслимански верници претставува радост, но воедно ја промовира љубовта, верноста и мирот, како поттик за создавање на подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја.

Почитувањето на верската различност и негувањето на толеранцијата преку градење на постојан дијалог е од особен интерес за доброто на сите граѓани и за иднината на нашата држава.

Нашата земја се соочува со историски премрежја и предизвици и тоа подеднакво ги загрижува сите граѓани. Затоа е потребна мудрост и знаење. Да се обединиме во зачувањето на вредностите и принципите врз кој почива Република Македонија – посочува Мицкоски во честитката.

Нека овој Рамазански Бајрам уште еднаш нè потсети на трајноста на  духовните вредности и дека со нивно негување, исполнетост со меѓусебно почитување, соживот и соработка, можеме да постигнеме напредок во нашето општество – додава опозицискиот лидер.