Тригодишен договор за Датоме по враќањето во Италија, во тимот на Олимпија Милано. Поранешниот НБА играч утрово објави дека го напушта турски Фенербахче, а неколу часа подоцна го објави својот нов клуб.
-Многу сум среќен за новото поглавје во мојата кариера, бидејќи ќе заиграм за историски и амбициозен клуб како Олимпија Милано, изјави Датоме при потписот на договорот.
Олимпија е можеби најактивниот клуб на трансфер пазарот, ангажирајќи неколку добри и искусни кошаркари, тимот од Милано следната сезона ќе атакува на фајнал-форот во Евролигата.
-Џиџи е се она што ние го бараме, атлета, харизма, искуство, човечка вредност, навика за победување. Многу сме возбудени поради тоа што тој ќе биде дел од нашата организација, изјави генералниот менаџер на тимот, Кристос Ставропулос.
Џиџи Датоме во 2013 дебитираше во НБА лигата во дресот на Детроит Пистонс.