Таљафико, Ван де Бек и Онана на излезни врати од Ајакс – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/20 2:49 PM

Таљафико, Ван де Бек и Онана на излезни врати од Ајакс

Триото на Ајакс и во моментов столбот на холандскиот шампион, Дони Ван де Бек, Николас Таљафико и голманот Андре Онана, најверојатно ќе го напушти клубот во летниот трансфер период. Тренерот Ерик Тен Хааг ја потврди оваа информација, но не потврди точно колку ги вреднуваат своите фудбалери и во кои европски тимови тие ќе завршат.

Младиот Холанѓанец од средината на теренот е на радарот на неколку европски гиганти, а Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се споменуваат како негови идни дестинации. Според шпекулациите од Англија, левиот бек Таљафико е алтернативната и поевтина опција на Френк Лампард, доколку не успее да го ангажира за прифатлива сум младиот англиски бек и играч на Лестер, Бен Чилвел.

Андре Онана, младиот камерунски голман, исто така се доведува во врска со англискиот клуб кој се обидува да го замени Кепа Аризабалага, по разочарувачката сезона под палка на Френк Лампард. За него се заинтересирани и ПСЖ и подготвени се да платат околу 30 милиони евра за неговите услуги.

-Трансфер периодот ќе започне во август, топ лигите во моментов се во полн ек. Маркетот ќе биде „протресен“, но ништо нема значително да се промени. Врз основа на перформансите и амбициите на дел од нашите фудбалери, повеќе од јасно е дека некои од нив ќе го напуштат Ајакс следната година. Со Анде Онана, Таљафико и Ван де Бек се договориме дека доколку пристигне понуда, ќе можат слободно да го напуштат Амстердам, изјави тренерот на холандскиот великан за „Het Parool“.

Ајакс летово го загуби веќе Хаким Зијеш, кој беше првото засилување за Лампард, а неговите чекори би можеле да го следат и неговите поранешни колеги. Дали во Челзи или во Премиер Лигата, останува да видиме.