Со новиот закон за ЈО ниту борбата за правда застанува, ниту животот, смета Фатиме Фетаи – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/20 1:46 PM

Со новиот закон за ЈО ниту борбата за правда застанува, ниту животот, смета Фатиме Фетаи

-Со стапување на сила на новиот Закон за Јавно обвинителство ниту борбата за правда застанува, ниту животот тука застанува, порача денеска обвинителката Фатиме Фетаи по денешното рочиште за „Монструм”.

– Тоа единствено претставува една нова законодавна рамка која ни дава можност на сите обвинители заеднички на нов начин да се справиме и да се бориме против криминалот. Како и на кој начин ние тоа ќе го искористиме зависи од сите обвинителите, истакна Фетаи.

Специјалното јавно обвинитество од денеска и официјално згаснува, односно со стапување на сила на новиот Закон за Јавното обвинителство.