Чулев: За новообјавените снимки никој не е повикан во МВР, но следиме – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/20 1:34 PM

Чулев: За новообјавените снимки никој не е повикан во МВР, но следиме

По објавувањето на серија аудио и видео снимки на кои наводно се гледа или се слушаат челници на политички партии, партиски и владини функционери, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кажа дека до сега на разговор во полицијата е повикан само Ден Дончев. За останатите неколку снимки, кои изминатите денови интензивно се објавуваат, а во кои инволвирани се наводно Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Зоран Кичеец и Драги Рашковски засега се’ уште нема повикано никој, но, како што рече полициските службеници будно следат.

-Им укажав на колегите дека ја имаат мојата поддршка, доколку сметаат, без разлика на моментумот дека се работи пред избори и без разлика дали лицето, кое треба да биде повикано на даде дополнителни сознанија и информации потекнува од една или друга политичка опција и нивото коешто го имаат тие во општеството, да постапат неселективно и да ги повикаат, изјави министерот Чулев.

Службената белешка по разговорот со Ден Дончев денеска ќе биде доставена до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Чулев го искажа својот став дека во расветлувањето на снимките, засега нема поддршка од другите институции, пред се’ од Обвинителството.

–Институција, која согласно Законот за кривична постапака треба да ги води ваквите постапки, е Јавното обвинителство. Меѓутоа, како што гледате, Јавното обвинителство не постапапува. Дури тоа Обвинителство јавно не’ повика нас, МВР и Управата за финансиска полиција да постапиме и ние врз основа на тој јавен повик и врз основа на професионалните согледувања на колегите, постапивме и го повикавме на разговор Ден Дончев. Од разговорот е изготвено известување, односно службена белешка, која што во текот на денешниот ден ќе биде доставена до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, рече Чулев.

Министерот за внатрешни работи беше прашан за изнесените информации  во медиумите, дека со службено возило предизборно,  бил на средби со граѓаните. Фотографии од службеното возило на министерот со полициска придружба беа објавени во повеќе медиуми, со констатација дека Чулев го крши законот, кој забранува користење на државни ресурси во изборни цели. Чулев објасни дека тој не е на пратеничка листа, ниту учесник во кампања, според тоа, не го крши законот.

-Како министер за внатрешени работи ми следува 24-часовна придружба. Доколку сакам некаде сам да отидам на приватен настан, Уредбата ми го забранува да одам без придружба. Значи јас по работно време имам право да заминам на средба со граѓани, каде што ќе им укажам дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите активности за безбедно гласање, беа разлика на ризикот од пандемијата и да им укажам на сите оние работи, кое се однесуваат на изборни нерегуларности, кажа Чулев.

Тој денеска беше во посета на СВР Штип во функција на подготовка на полицијата за претстојните избори. Особено се очекува спроведување на законот во делот на предизборен поткуп, закани и притисоци. Засега, како што реќе Чулев,  нема ниту една таква  пријава од регионот што го покрива СВР Штип.