Откриен е нов синдром поврзан со коронавирусот кај децата – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/20 1:31 PM

Откриен е нов синдром поврзан со коронавирусот кај децата

Најмалку 285 деца во САД имале сериозни воспаленија поврзани со коронавирусот, но повеќето се опоравуваат, не е познато дали тоа ќе остави некакво оштетување, покажуваат новите студии.

Истражувањето објавено во магазинот „New England Journal of Medicine“, дава целосен извештај за оваа ситуација, позната како мултисистемски синдром на воспаленија кај децата.

Се смета за невообичаен, а исходот како смрт е ретка појава.

Околу 1.000 деца ширум светот имале воспаленија предизвикани од овој синдром вклучувајќи и случувања во Европа, каде прв пат и се забележани.

Случаите се поврзуваат со моменталната и неодамнешна инфекција со Ковид 19, грозница, тешка клиничка слика која бара хоспитализација, воспаленија потврдени по пат на крв и пореметена работа на барем два органи во организмот вклучувајќи го и срцето, бубрезите, белите дробови, кожата или нервниот систем.

Чести се и дигестивните симптоми, вклучувајќи и мачнини и дијареа.

Некои деца имаат симптоми кои потсетуваат на Кавасаки синдромот, состојба кај децата може да предизвика и отоци и проблеми со срцето.

Повеќето деца кај кои е откриен синдромот имале корона вирус иако пред тоа биле потполно здрави. Просечната возраст е осум години, а се уште не е потврдено дали овој синдром се појавува кај повозрасните луѓе.

 

Извор: vesti-online.com