Во бело си жена која носи енергија, радост и леснотија, смета пејачката Викторија Лоба – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/20 1:23 PM

Во бело си жена која носи енергија, радост и леснотија, смета пејачката Викторија Лоба

Пејачката со руско потекло, Викторија Лоба, важи за една од најубавите, но и најдобро облечени пејачки кај нас. Пејачката апсолутно за секоја пригода знае да избере соодветен стајлинг, а нејзиниот Инстаграм профил е полн со фотографии на кои што можеме да ја видиме во совршено стилизирано издание, каде доминира белата боја. Зошто белата? Таа вели дека белата боја ја асоцира на добродушност, чистота, искреност, радост, вистина.

-Мојот гардеробер 50 проценти од парчиња се во белата боја, и знам зошто е тоа така. Кога ќе се дотерам во бело имам чувство на леснотија, полетност и отвореност кон околината, покрај балата исто така сум љубител на пастелни нијанси и секако црната боја доста често ја носам кога се чувствувам интровертно. Но, сепак, белата преовладува. Дали жената облечена во бело е посекси не знам, но  жена облечена во бело носи енергија на радост и леснотија. Веројатно е прашање на вкус“, вели таа.

И Викторија, како и сите ние се обидува да живее во новите услови, кои ни ги наметна пандемијата. И таа времето го посвети на себе и на своите најблиски.

-Дефинитивно нашиот живот драстично се промени откако се појави вирусот Ковид-19. Првиот месец од карантинот искрено убаво ми дојде, мислам дека на сите ни беше потребно тоа време да кажеме стоп, да се посветиме на себе си и своите најблиски. Јас овој период го поминав во леснотија и без воопшто да чувствувам страв. Слободното време продуктивно го искористив и се надевам дека многу наскоро ќе се вратиме во нормала меѓутоа подучени од искуството од пандмијата со извлечени заклучоци дека секој носи одговорност за сопственото здравје,вели таа и додава дека веќе е ангажирана на новите проекти:

„Моментално работам на три проекти од кои едниот е поврзан со музика, иако сега не е вистински бум за мојата професија сепак сакам да продолжам да творам нови песни и да ја движам својата креативна енерија преку музиката“, вели пејачката.